Дома Фудбал Англија Познати сите детали од трансферот на Гакпо во Ливерпул

Познати сите детали од трансферот на Гакпо во Ливерпул

Синоќа како „бомба“ одекна веста за трансферот на Коди Гакпо во Ливерпул, а денес се познати и деталите.

Познатиот новинар Фабрицо Романо пишува дека ѕвездата на ПСВ ќе потпише 6-годишен договор со Ливерпул, ист како и Дарвин Нуњес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите клаузули помеѓу двата тима се веќе договорени, а Ливерпул за неговиот потпис ќе плати 37 милиони фунти плус бонуси.

Познато е дека клучна улога во трансферот имале менаџерот Јирген Клоп, кој инсистираше дека му е потребен нов офанзивен фудбалер.

Гакпо имаше понуда и од Манчестер Јунајтед, но неговиот сонародник Ван Дајк го убедил да се пресели на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…