Дома Фудбал Италија Познати се имињата на тројцата фудбалери кои ќе го напуштат Милан

Познати се имињата на тројцата фудбалери кои ќе го напуштат Милан

Милан следната сезона ќе влезе без тројца фудбалери.

Клубот од „Сан Сиро“ ќе го напуштат Рикардо Монтоливо, Андреа Бертолачи и Хозе Маури, а сите тројца ќе си заминат без никаков надомест. Росонерите одлучиле да не понудат продолжување на договорот на никој од споменатите фудбалери. Нивното време во клубот е завршено и ќе бараат нова средина.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа сезона ниту еден од нив не е клучен играч за Милан. Монтоливо не запиша ниту еден настап, додека останатите двајца одиграа вкупно 10 натпревари. Меѓутоа, никој немаше значителен ефект. Затоа и не е чудно што не се во плановите на клубот, па среќата ќе ја бараат на некое друго место.

Монтоливо во кариерата одигра 158 натпревари за Милан, Бертолачи 54, а Маури настапи во само 20 натпревари. Росонерите и без нив играат добро. До крајот на сезоната ќе се борат за пласман во најелитното европско натпреварување, нешто кое е од огромна важност за клубот од Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…