Дома Трансфер зона Позната првата трансфер цел на Ливерпул

Позната првата трансфер цел на Ливерпул

Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Ливерпул во летниот преоден рок, пренесува „Франс Фубдал“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


24-годишното десно крило Рафиња ја игра првата сезона во Лидс и веднаш го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Тој пристигна во Премиер лигата од Рен, а Лидс за неговиот потпис плати 20 милиони евра.

Бразилецот од почетокот на сезоната има постигнато 4 гола и 5 асистенции на 17 меча за Лидс.

Клоп сака да ги засили крилните позиции и смета дека Рафиња би бил идеално засилување за неговиот тим, но треба да се избори со конкуренцијата бидејќи за него интерес покажува и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…