Дома Фудбал Познат фаворитот за нов тренер на Челзи

Познат фаворитот за нов тренер на Челзи

Челзи денес му врачи отказ на Томас Тухел и сега е во потрага по нов тренер.

„Сините“ ја започнаа сезоната под очекувањата, освоија 10 бода во првите шест кола од Премиер лигата, а последната капка која ја пречи чашата беше поразот од Динамо во Лигата на шампионите.

Според информациите од Островот главен фаворит за наследник на Тухел е менаџерот на Брајтон, Грахам Потер.

Потер го привлече вниманието на „сините“ со добрите резултати и атрактивниот стил на игра, но има договор со Брајтон до 2025 година, па Челзи ќе треба да плати солидна сума за раскина на договорот.

Втората опција е Маурисио Покетино кој е слободен по заминувањето од ПСЖ и наводно раководството веќе стапило во контакт со неговиот агент. Се споменува и Зинедин Зидан, но тоа е најтешка опција за реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Додев му донесе предност на Алтај, но Елимај извлече бод

Дарко Додев погоди во 47. минута за водство на Алтај, но дуелот со Елимај заврши 2-2. След…