Дома Македонски спорт Поддршка за „Чкембари“: Околу 100 Полјаци ќе навиваат за Пелистер среде Познањ

Поддршка за „Чкембари“: Околу 100 Полјаци ќе навиваат за Пелистер среде Познањ

Вечерва во Полска тимот на Пелистер ќе ги одмери силите со Лех Познањ во првото коло од квалифкациите на Лига Европа. Покрај случувањата на теренот, се очекува да биде интересно и на трибините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Околу 40 навивачи од Битола се упатија кон Познањ, каде ќе добијат и екстра засилување од навивачите на Белчатов од Полска. Според најавите околу 100 Полјаци ќе му дадат поддршка на Пелистер среде Полска.

Ова се должи благодарение на дружбата помеѓу двете групи, а пред десетина денови Чкембари исто така беа во Полска, каде уествуваа на меморијалниот турнир „Torfiorze Cup 2017“ организиран токму од Белхатув во Полска.

Домашниот тим пак на својата „Инеа стадион“ очекува поддршка од 30.000 навивачи. Средбата започнува во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …