Дома Останати Погледнете го новиот ѕвер на Иџе – „Ферари“ од 350.000 евра!

Погледнете го новиот ѕвер на Иџе – „Ферари“ од 350.000 евра!

Како што најави македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе во средата го претстави возилото со кое ќе се натпреварува во 2024 година.

Новото возило е „Ферари 488 Челинџ Ево“ (Ferrari 588 Challenge Evo), со осумцилиндричен мотор со зафатнина од 3,9 литри и околу 700 коњски сили. Вредноста новото возило на Стефановски се проценува на најмалку 350.000 евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иџе годинава со 193 поени (категорија 1) се закити со третата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки со својот „Хјундаи и30 ТЦР“, а претходните две титули ги освои во 2014 и 2015 година.

Неговиот план за идната сезона е настап на ридски патеки, но со цел да ги сруши сите рекорди во генерален пласман, додека пак настапот на кружни патеки е опција која зависи од буџетот со кој располага тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …