Во второто коло од групата Ц во Лигата на шампионите, Унион Берлин загуби на домашен терен од Брага со 3:2 откако поведе со 2:0.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите во историјата, Унион тргна фуриозно и поведе со 2:0 со головите на Шералд Бекер (30, 37), но Португалците се вратија во игра со головите на Сику Ниаката (41 ) и Холанѓанецот Брума (51).
Унион беше на прагот да го освои првиот бод во историјата на Лигата на шампионите се до 95. минута, кога Андре Кастро со удар од 20 метри постигна погодок за победа за Брага.
Голот на Брума е особено импресивен и без сомнение е еден од најубавите голови кои сме ги виделе оваа сезона. Камерата зад аголот ја покажа неверојатната траекторија што ја зеде топката. Во еден момент се чинеше дека топката оди многу подалеку од голот, но благодарение на извонредниот ефект таа се смести во мрежата.
Olha essa curva do tapa do Bruma, amigo. Tá maluco. 😬pic.twitter.com/56YJHZ7Uoh
— ⚽ (@DoentesPFutebol) October 3, 2023