Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, наводно открил дека сака да се врати во Јувентус, а тоа дефинитивно нема да им се допадне на англиските навивачи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Погба имаше топол пречек во средата навечер кога неговиот Манчестер Јунајтед гостуваше во Торино кај Јувентус.
Имено, по завршувањето на мечот Французинот отиде под трибината да ги поздрави навивачите.
„Да, сакам да се вратам во Јувентус“, наводно им рекол Погба на фановите, открива „Тутоспорт“.
Во последно време се погладни беа шпекулациите дека Погба сака да си замине од Манчестер Јунајтед поради неговиот однос со Мурињо, а ваквата изјава само додатно ќе ги налути навивачите на „Олд Трафорд“.