Ѕвездата на Манчестер Јунајтед поголем дел од сезоната ја пропушти поради повреда на глуждот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Французинот добро напредува со рехабилитацијата и може да се врати на терените за големото дерби со Манчестер Сити.
Се очекува 26-годишниот играч за врска да ги обнови тренинзите со тимот за околу две недели и се очекува да биде спремен за игра до 8-ми март, кога на програмата е големото дерби на Манчестер.
Оваа сезона Погба запиша само осум настапи за Манчестер Јунајтед, и пропушти поголем дел од сезоната поради повреда на глуждот.