Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба со тешко срце призна дека големиот ривал Ливерпул е најдобар тим во Премиер лигата оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со синоќешната победа Ливерпул го израмни рекордот на Манчестер Јунајтед од 18 победи по ред во Премиер лигата и е недостижен во борбата за титулата.
Тимот на Клоп има неверојатни 22 бода предност пред Манчестер Сити со само едно реми и 26 победи.
„Јас сум играч на Манчестер Јунајтед и со оглед на ривалството меѓу нашите клубови нормално е да несакам да ја освои Ливерпул титулата. Но, како професионалец и љубител на фудбалот не можам да кажам ниту еден лош збор за Ливерпул. Играат фантастично оваа сезона и ја заслужуваат оваа титула“, изјави Погба.
„Тие се многу над сите останати оваа сезона. Не загубија ниту еден меч до овој момент и се на добар пат до титулата. Ливерпул дури е подобар и од претходната сезона кога ја освои Лигата на шампиони“, заклучи Французинот.