Дома Фудбал Англија Повредата на Фабињо не е сериозна, познато кога се враќа на терените

Повредата на Фабињо не е сериозна, познато кога се враќа на терените

Повредата на играчот на Ливерпул, Фабињо не е толку сериозна колку што се мислеше на почетокот, пренесуваат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фабињо имаше задача да го замени повредениот Ван Дајк, па е од исклучителна важност за Јирген Клол.

Англиските медиуми објавија дека Бразилецот најверојатно ќе се врати на терените после репрезентативната пауза на средината на ноември. Тоа е добра прогноза, бидејќи првично се мислеше дека Фабињо може да паузира неколку месеци.

И во најдобар случај Бразилецот ќе пропушти неколку важни натпревари, со Вест Хем и Манчестер Сити во Премиер лигата и со Аталанта во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешен европски шампион сака да потпише со Столе Димитриевски

Столе Димитриевски би можел да направи голем чекор во кариерата ова лето, откако сериозен …