Дома Фудбал Англија Повеќе нема трпениe: Лукаку испрати јасна порака до Манчестер Јунајтед

Повеќе нема трпениe: Лукаку испрати јасна порака до Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку во последните неколку недели е мета на шпекулации околу можно заминување од Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лукаку во Јунајтед стигна пред две години од Евертон како големо засилување, но не ги оствари очекувањата на Олд Трафорд.

Веќе неколку недели се шпекулира дека ќе го напушти Јунајтед и ќе потпише за Интер, кој покажува голем интерес за белгискиот репрезентативец.

Наводно, Манчестер Јунајтед сака да го продаде Лукаку и парите да ги вложи во нови засилувања. Од друга страна, напаѓачот се уште не знае што се случува и побара од клубот да донесе конечна одлука околу неговата иднина.

„Не знам што одлучил клубот. Тие мора да донесат одлука и да ја соопштат. Нема да се занимавам со шпекулации. Играм фудбал и тоа е единствено што ме интересира. Се надевам дека клубот ќе донесе одлука што поскоро за да знам како стојат работите.“ – изјави Лукаку.

Лукаку со Јунајтед има договор уште три години, но очигледно не е во плановите на Солскјер, кој на напаѓачкото место повеќе шанса му дава на Рашфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан го објави новиот напаѓач, кој доаѓа од ПСЖ за рекордна сума

Од Милан официјално го објавија ангажманот на напаѓачот Гонсало Рамош, кој пристигнува со …