Дома Фудбал Италија Повеќе нема дилеми: Пијатек потпиша за Милан!

Повеќе нема дилеми: Пијатек потпиша за Милан!

Овие денови се најавуваше дека овосезонската сензација во Серија А, Пијатек ќе направи трансфер од Џенова во Милан, а тоа сега е потврдено и официјално.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан за услугите на овој 23-годишен полски напаѓач плати 35 милиони евра, а Пијатек потпиша четири ипол годишен договор со Росонерите.

Пијатек во Милан пристигнува како замена за Гонзало Игуаин, кој исто така го комплетираше трансферот во Челси.

Инаку, Пијатек оваа сезона одигра 21 натпревар за Џенова во сите натпреварувања, и постигна 19 погодоци и една асистенција.

Наводно Полјакот веќе го одбрал бројот на дресот кој ќе го носи во Милан, а тоа е бројот 19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…