Дома Трансфер зона Повеќе нема дилеми, Обамејанг заминува – еве каде!

Повеќе нема дилеми, Обамејанг заминува – еве каде!

Кој прв ќе стигне до потписот на одличниот напаѓач?

Најдобриот фудбалер на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг побарал од управата на клубот да го напушти клубот оваа сезона. Како што пренесува добро информираниот „Bild“, Габонецот оваа недела се сретнал со управата на клубот и им соопштил дека сака да си замине, бидејќи не може да се бори за најголемите трофеи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Обамејанг зад себе има уште една одлична сезона, беше прв стрелец во Бундеслигата со 31 гол и време е да го искористи вистинското време за да си замине. За него најмногу се заинтересирани англиските клубови, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи, а во приказната секогаш е и ПСЖ.

Секако, Обамејанг ќе си оди таму каде што најмногу ќе платат за него, Дортмунд ќе сака што повеќе пари, а се претпоставува дека нема да си замине за помалку од 60-70 милиони евра.

Тој за четири сезони во Германија постигна 119 гола и покажа дека е за големи дела, а останува да видиме со кој клуб ќе ги нападне трофеите. Сити, Јунајтед, Челзи, ПСЖ или сосема петти?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…