Дома Останати Победничко враќање на Шарапова на ВТА турнирот во Штутгарт по 15 месеци пауза

Победничко враќање на Шарапова на ВТА турнирот во Штутгарт по 15 месеци пауза

Марија Шарапова имаше победничко враќање на ВТА турот по суспензијата од 15 месеци поради допинг за време на минатогодишното издание на Австралија опен. Русинката ја совлада Роберта Винчи од Италија со 7:5, 6:3 на стартот на турнирот во Штутгарт.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поранешната најдобра светска тенисерка и сопственичка на пет гренслем титули доби специјална покана од организаторот на турнирот, откако на полноќ ѝ истече сусензијата за користење на забранетото средство меладониум.

Шарапова го употребувала препаратот иако неколку дена претходно бил ставен на црната листа на Светската анти допинг агенција (ВАДА). Нејзина наредна ривалка ќе биде сонародничката Екатерина Макарова (6:2, 6:4) која во првото коло ја елиминира Агнешка Радванска.

ВТА турнир Штутгарт

Резултати, 1 коло

Контавеит (Естонија) – Мугуруза (Шпанија) 2:6, 7:6, 6:1

Шарапова (Русија ) – Винчи (Италија) 7:5, 6:3

Вандевеј (САД) – Остапенко (Летонија) 7:6, 7:6

Халеп (Романија) – Стрицова (Чешка) 6:2, 6:3

Младеновиќ (Франција) – Лучиќ Барони (Хрватска) 6:4, 6:2

Конта (В Британија) – Осака (Јапонија) 7:6, 3:6, 6:1

Веснина (Русија) – Касаткина (Русија) 7:6, 6:2

Суарез Наваро (Германија) – Корпач (Австрија) 6:2, 6:4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…