Дома Ракомет Пласманот на фајнл-фор уште повеќе добива на значeње: Вардарци не земале плата девет месеци!

Пласманот на фајнл-фор уште повеќе добива на значeње: Вардарци не земале плата девет месеци!

Вардар вчера успеа да издржи во Сегедин и да не изгуби со поголема разлика од осум гола (29:25) и така се пласираше на фајнл-фор турнирот.

Црвени-црните имаа едно катастрофално прво полувреме во кое ПИК Сегед направи разлика од осум гола (17:9), меѓутоа во второто полувреме тимот на Парондо прикажа подобра игра и не дозволи пресврт.

Победата на Вардар добива уште поголемо значење ако се знае во каква ситуацијата се сите во клубот. Тренерот Парондо тоа го истакна на конференцијата после натпреварот.

„Ова беа тешки натпревари против еден силен тим, жалам што на крајот видовме такви неубави сцени. Горд сум на овој тим, ракометарите немаа земено плата девет месеци, но и покрај тоа успеаа да ги остават проблемите надвор од теренот и да обезбедат пласман во Келн“, изјави Парондо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Кузмановски го водеше Пелистер до седми триумф, Тиквеш се врати на победите

Еурофарм Пелистер го совлада Младост со 36:21 пред дербито со Вардар, а Тиквеш по поразот …