Италијанските медиуми и натаму од час во час пласираат информации околу Донарума, Милан најде голман и сега е сигурно дека Џанлуиџи во јуни ќе го напушти клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секако, од тоа дека ќе биде слободен играч нема да има ништо, едноставно, 40 милиони е сумата колку што би чинел, со оглед на тоа дека „Росонерите“ нема да ја исполнат целта и да се пласираат во ЛШ.
Сепак, денес попладне следеше бомба.
Планот на Раиола е да го однесе Донарума во Јувентус, ако ПСЖ не може поради финансискиот фер плеј да плати обештета.
И тука контроверзниот менаџер има сојузник, поточно човек кој одлучува, Павел Недвед, чиј агент и беше.
Имено, Јувентус кој има добри односи со Милан би можел да понуди 40 или 50 милиони евра плус Шчесни и да го добие наследникот на Буфон.
Како што се наведува, изминатото лето Донарума го одби Јувентус, но сега ќе го испрати Раиола.