Дома Трансфер зона Планот на Алегри: Ги жртвува Сандро и Манџукиќ за првата мета која е пеколоно тешка мисија!

Планот на Алегри: Ги жртвува Сандро и Манџукиќ за првата мета која е пеколоно тешка мисија!

Како што пренесуваат италијанските медиуми екипата на Јувентус е спремна да се откаже од услугите на напаѓачот Марио Манџукиќ со цел да стигне до потписот на големо засилување во средниот ред.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покрај Манџукиќ, жртвуван би можел да биде и Бразилецот, Алекс Сандро, само за – Сергеј Милинковиќ Савиќ.

„Тутоспорт“ и „Кориере дело Спорт“ пренесува дека тренерот Масимилијано Алегри го известил клупското раководство дека Сергеј е негова голема желба и дека е спремен да се откаже од Сандро и Манџукиќ.

Во Јувентус Сандро го проценуваат на околу 50 милиони евра, за Манџукиќ постои голем интерес од Англија, Германија и Кина и од нивните трансфери „старата дама“ очекува да заработи помеѓу 80 и 100 милиони евра.

Лацио би можел да го пушти Савиќ за сума од 100 милиони евра, но Лотито е познат како тврд преговарач, посебно тоа би важело во преговорите со Јувентус (Лотито и Марота, спортскиот директор не се во добри односи).

Очигледно Алегри сака „ремонт“ на средината, а едно засилување веќе е обезбедено. Во Торино пристигнува Емре Чан од Ливерпул.

Единствената шанса Лацио да го задржеше Савиќ веројатно ја пропушти во последниот натпревар против Интер кога забележа пораз и го изгуби местото кое води во Лигата на шампионите.

Треба да се спомене и дека Савиќ претходно интерес покажаа Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Челзи и Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…