Дома Трансфер зона Пирло одлучи: Нема место за Бернардески во Јувентус

Пирло одлучи: Нема место за Бернардески во Јувентус

Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло ќе направи значајни промени во тимот ова лето, пренесуваат италијанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Еден од играчите за кои повеќе нема место во тимот и треба да ги спакува куферите е Федерико Бернардески.

26-годишниот крилен напаѓач не го покажа својот вистински потенцијал во Торино и е ставен на продажба.

Интерес за неговиот потпис покажуваат Рома, Атлетико Мадрид и Милан, а „бјанконерите“ се спремни да го пуштат за 30 милиони евра или да го искористат во некоја трампа.

Бернардески оваа сезона одигра 29 меча во Серија А на кои постигна 1 гол и 1 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…