После Игор Тудор во стручниот штаб Андреа Пирло би можел да го вклучи неговиот поранешен соиграч Алесандро Неста, пишува „Кориере дело Спорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пирло нема никакво тренерско искуство и сака да биде опкружен со добро познати имиња од играчките денови.
Неста го води Фросиноне и пред неколку дена не успеа да ја елиминира Спезија во финалето од плеј-офот за влез во Серија А. Претходно работеше како тренер во Мајами и Перуџа во Серија Б.
Со Неста Пирло долго играше во италијанската репрезентација, а заедно го освоија Светското првенство во 2006 година. Во Милан Пирло и Неста заедно играа дури девет години и освија две Скудета и две титули во Лигата на шампионите.