Дома Фудбал Италија Пиоли во проблеми: Ибра сака да биде Супермен, но уште не е спремен

Пиоли во проблеми: Ибра сака да биде Супермен, но уште не е спремен

Дербито на 4. коло во Серија А се игра утре во Торино помеѓу Милан и Јувентус.

Додека Јувентус се уште ја бара потребната форма, Милан во првите три кола има максимален учинок.

Натпреварот на „Алијанц“ стадионот секако би требало да биде интересен, а Пиоли има проблеми пред овој дуел. Имено, стратегот на Милан сигурно нема да може да смета на Златан Ибрахимовиќ и Оливие Жиру, па „росонерите“ така останаа без класичен напаѓач.

„Ибра сака да биде Супермен, но уште не е спремен. Разговараме, нема напредок и нема да биде на располагање во овој натпревар. Ќе недостасува и Жиру кој има проблеми со грбот“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ако Манчестер Сити биде исклучен, се знае каде оди Норвежанецот!

Приказната за Ерлинг Халанд и Барселона доби нова димензија, барем според информациите кои…