Дома Фудбал Пикси: Нема да одам на ЕП, имам голем телевизор дома

Пикси: Нема да одам на ЕП, имам голем телевизор дома

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси објасни дека најверојатно нема да патува на Европското првенство и на интересен начин објасни како ќе ги следи натпреварите.

Пикси смета дека премногу е комплицирано во ваква ситуација да се оди на Европско првенство, па натпреварите ќе ги следи од својот дом.

„Ситуацијата навистина не е нормална. Нема публика, нема ПЦР тестови, цело време се збори за вакцини, живееме во едно такво време што ми е тешко да патувам…Можеби ќе отидам, но не сум сигурен, планот засега не ми е таков. Имам голем телевизор дома па преку него можам да ги следам натпреварите без проблем, ќе биде убаво и на телвизија да се види таков настан. Ме интересира посебно да ја видам Португалија, дали таму ќе има некои промени“, изјави Стојковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…