Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт денес го објави списокот од 23-ца фудбалери на кои што ќе смета за мечот со Швајцарија во Лигата на нациите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во составот има пет нови имиња за разлика од тимот кој заврши на 4-то место на Мундујалот во Русија. Дефанзивецот на Ливерпул Џо Гомес се врати во тимот исто како и неговиот соиграч Адам Лалана.
Дефанзивецот на Барнли Барни Џејмс Тарковски исто така доби повик како и голманот на Саутемптон Алекс Меккартни, кој треба да го замени повредениот Ник Пол. За прв пат е повикан и левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо.
Впечатливо е дека во тимот го нема Ешли Јанг, и секако ги нема двајцата фудбалери кои неодамна се откажаа Џејми Варди и Гери Кејхил.
— England (@England) August 30, 2018