Дома Топ вести Перез ја сака големата ѕвезда – Роналдо го стопира трансферот!

Перез ја сака големата ѕвезда – Роналдо го стопира трансферот!

Младиот италијански голман, Џанлуиџи Донарума со своите одлични партии во дресот на Милан го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за 18-годишниот голман и сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“ ова лето.

„Кралевите“ се во потрага по замена за Кејлор Навас и Донарума е првата желба на Флорентино Перез бидејќи смета дека Италијанецот може да биде долгорочно решение за клубот.

Сепак, трансферот би можел да го блокира Кристиано Роналдо лично, пренесува „Мундо Депортиво“, а причинната е Мино Раиола, кој е менаџер на Донарума.

Имено, добро е познато дека менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш не е во добри односи со Раиола, а токму португалскиот агент игра голема улога во соблекувалната на Реал Мадрид.

Поради тоа, Мендеш се обидува преку Роналдо да го блокира Раиола да „влезе“ со свој играч во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…