Дома Фудбал Италија Перез преку Галијани го контактирал Алегри – одговорот бил „НЕ“

Перез преку Галијани го контактирал Алегри – одговорот бил „НЕ“

alegri

Реал Мадрид е во активна потрага по човек кој може да биде вистински наследник на Зинедин Зидан и да продолжи онаму каде што застана Французинот.

„Газета дело Спорт“ во своето денешно издание пишува дека Флорентино Перез го контактирал стратегот на Јувентус, Масимилијано Алегри.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контактот помеѓу Перез и Алегри, наводно бил остварен преку Адријано Галијани кој важи за добар пријател на тренерот на „старата дама“. Сепак одговорот на Алегри бил – „не“.

Алегри ја отфрлил можноста да го превземе гигантот од Мадрид со објаснување дека има договор со Јувентус и сака истиот да го испочитува во целост.

Иначе во овој момент како единствен сериозен кандидат за превземање на Реал Мадрид е поранешниот стратег на Наполи, Маурицио Сари, а „срамежливо“ од вчера започна да се споменува и името на Португалецот Жорж Жесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овој податок е доказ колку силен менталитет изгради Алонсо во Леверкузен

Лигата на шампионите ќе ја освои Реал или Борусија, во Англија гледаме голема битка помеѓу…