Искусниот шпански голман Пепе Реина призна дека имал симптоми на коронавирус, но дека сега се чувствува подобро.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реина оваа зима го напушти Милан и премина во Астон Вила на позајмица до крајот на сезоната. Одигра шест натпревари за англискиот тим пред прекинот на првенството поради коронавирусот.
Искусниот голман за шпанските медиуми призна дека имал симптоми на коронавирусот и дека сега се чувствува подобро откако ги почитувал правилата за куќна изолација и не го донел своето семејство во опасност.
„Имав симптоми на коронавирус. Сува кашлица, кивање и тешко дишање минатата недела, но веќе се чувствувам подобро. Ги следам вестите ширум Европа. Најбитно е да се следат препораките и советите од лекарите и така ова зло ќе помине. Мора сериозно да ја сфатите изолацијата бидејќи така сигурно помагате во оваа борба.“ – изјави Реина.
Шпанскиот голман десет дена бил во изолација и на тој начин одлучил да го заштити своето семејство.