Манчестер Сити на гости кај Свонси губи со 2:0 после првото полувреме од натпреварот во четврт финалето во ФА купот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сити како голем фаворит стигна на гостувањето кај второлигашот, но екипата на Пеп Гвардиола од 20. до 29. минута прими два гола.
Прво Гримес од пенал го донесе Свонси до водство, а девет минути подоцна Целина му носи два гола предност на својот клуб.
Домашните фудбалери изработија акција онака како што тоа обично го прави екипа на Пеп – перфектно!