Вардар во својот петти настап на Ф4 турнирите во женската лига на шампионите за противник го доби Ростов Дон во полуфиналето. Рускиот тим е дебитант во настапите на Ф4 турнирите и досега нема официјални натпревари против Вардар во лигата на шампионите.
Последен пат двата тима играле меѓу себе пред почетокот на сезоната нa турнирот што го организираше Вардар и победија гостинките од Русија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Имаме само два натпревари одиграно со нив. Не знаеме како тие ни „лежат” за играње. Знаеме дека имаат добри играчи, добри крила, а некои играа во Вардар во минатото. Голманките Песоа и Седојкина се во добра форма. Ние мораме да се фокусираме на нашата одбрана и нашата игра и да не размислуваме за нив, смета Андреа Пенезиќ.
Вардар според многумина е фаворит на овој полуфинален меч порадиу фактот што Русинките за првпат играа на завршниот турнир.
„Ништо не значи што се првпат на завршниот турнир. Ние размилсуваме само тој полуфинален меч и ништо друго. Тие покажаа дека се добри, и имаме еден месец за подготовка и да се анализираат сите детали од нивнта игра, вели Пенезиќ.
Полуфиналниот меч се игра на 12 мај, а саатницата дополнително ќе биде утврдена.
Во второто полуфинале се среќаваат ЧСМ Букурешт и Ѓер.