Левиот бек на ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ, на прес-конференцијата по триумфот над Митјиланд рече дека македонскиот првак треба да биде поагресивен на реваншот во Скопје.

Нивната голманка одбрани многу топки, а ние имавме доста промашувања. Треба да играме многу поагресивно и подисциплинирано во реваншот. Сега победивме, но треба тоа да се потврди и во Скопје. Токму поради нашите грешки во првото полувреме противникот имаше и предност. Ни требаше време да почнеме добро да играме, но важно победивме. Треба сега да играме уште подобро на реваншот, изјави Андреа Пенезиќ.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Вардар е на чекор до пласман на завршниот турнири во женската Лига на шампионите по синоќешната победа во Данска со 24:23.

Реваншот со Митјиланд е на 14 април во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ФФМ му одговори на Вардар: Имаме ист однос кон сите клубови

По вчерашната реакција на ФК Вардар во врска со продажбата на билети за натпреварот од бар…