Андреа Пенезиќ дефинитивно нема да се пензионира. Бекот на Вардар во следните две години ќе го носи дресот на унгарскиот тим на Шиофок.
Најдобриот стрелец на ЖРК Вардар во Лигата на шампионите најави дека на крајот на сезоната ќе замине во пензија и ќе се посвети на формирање на семејство, но потоа ја промени одлуката. Во таборот на „црвено-црните“ дојде во 2014 година.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Покрај Пенезиќ, се шпекулира дека и уште една вардарка, Татјана Хмирова е пред заминување во редовите на унгарскиот тим.