Дома Фудбал Пелегрини прв на листата за „отстрел“: Дали ова ќе биде најскапиот отказ на светот?

Пелегрини прв на листата за „отстрел“: Дали ова ќе биде најскапиот отказ на светот?

Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини е прв на листата кандидати за отказ во Премиер лигата, а екипата од Лондон тоа би можела многу скапо да го плати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Управата на тимот од „Аптон Парк“ потроши повеќе од стотина милиони фунти во летниот преоден рок, но резултатите се разочарувачки. Клубот од Лондон се наоѓа на последното место во Премиер лигата и нема освоено ниту еден бод.

Секако, тренерот секогаш сноси најголеми одговорност за лошите резултатит во овој случај тоа е новиот тренер на „чеканите“, Мануел Пелегрини кој доколку биде отпуштен од клубот ќе добие 15 милиони фунти!

Имено кога го склопуваа договорот на 64 годишноот стратег, клубот не вметна клазула за предвремено раскинување на соработката и тоа може скапо да го чини англискиот гигант.

Поради тоа се очекува Чилеанецот да остане во клубот и да ја сврти во своја корист серијата лоши резулати.

Следната прилика за прекин на лошата серија Пелегрини ќе ја има после репрезентативната пауза кога Вест Хем го очекува натпревар против Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино: Мундијал со 48 екипи е успех, размислуваме за проширување на 64

Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико е во полн ек, а фо…