Дома Фудбал Останато Пеле се огласи од болница по вестите дека е во лоша состојба

Пеле се огласи од болница по вестите дека е во лоша состојба

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле повторно ги загрижи навивачите откако беше примен во болницата во Сао Паоло.

На Пеле во септември минатата година му беше отстранет тумор, но сепак поради проблеми со хемотерапијата повторно заврши во болнички кревет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До легендарниот бразилски фудбалер пристигна поддршка од цел свет, по што реши да одговори и да се заблагодари.

„Секогаш е убаво кога ќе добиете позитивни пораки. Ги молам фудбалерите на Бразил да го донесат трофејот дом“, кажа Пеле.

Бразилецот е единствен фудбалер кој трипати беше светски првак, и тоа во 1958, 1962 и 1970 година, а за Бразил постигна 77 гола на 92 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…