Дома Фудбал Останато Пеле во тешка состојба, неговото тело повеќе не реагира на хемотерапијата

Пеле во тешка состојба, неговото тело повеќе не реагира на хемотерапијата

Легендарниот фудбалер, Пеле се наоѓа во тешка состојба и во Бразил се плашат дека ова се последните денови од неговиот живот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тамошните медиуми пренесуваат дека неговото тело повеќе не реагира на хемотерапијата, па лекувањето е запрено. Во моментов Пеле добива само медикаментозна терапија против болки.

Сега е преместен на палијативна нега и нема да биде подложен на инвазивни тестови или третмани. Палијативната нега е наменета за пациенти со потенцијално опасни по живот болести или состојби.

Пеле во четвртокот преку социјалните мрежи им заблагодари на навивачите ширум светот за пораките со поддршка за брзо оздравување.

На трикратниот светски првак со репрезентацијата на Бразил во септември лани му беше дијагностициран рак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите ја растурија Шведска, Мбапе посакува да го испрати Меси во историја (Видео)

Фудбалската репрезентација на Франција лесно го победи Шведска во осминафиналето на Светск…