Дома Видео Пекол во Атина: Ивиќ погоден со лименка во главата – во крв заврши на болница (видео)

Пекол во Атина: Ивиќ погоден со лименка во главата – во крв заврши на болница (видео)

Ништо ново кога се во прашање фудбалските натпревари во Грција. Повторно видени големи немири и нереди и повторно повредени. Овој пат копјата се скршија врз српскиот фудбалски стратег на клупата од ПАОК, Владимир Ивиќ.

За време на дуелот од плеј-оф фазата помеѓу Панатинаикос и ПАОК, навивачите на домашниот тим со полна лименка пиво го погодија во глава Владо Ивиќ. Некогашниот првотимец на Партизан падна на земја, а натпреварот беше прекинат во 54-та минута при резултат од 1:0 за домаќините.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според последните информации, Ивиќ е хоспитализиран во една од атинските клиники со расеченица на главата.

Инаку, Панатинаикос и ПАОК, заедно со АЕК и Паниониос играат во плеј-оф фазата од која првопласираниот тим ќе избори пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…