Дома Трансфер зона Паје не сака да игра за Вест Хем: Жал ни е, но нема да те продадеме!

Паје не сака да игра за Вест Хем: Жал ни е, но нема да те продадеме!

Ѕвездата на Вест Хем, Димитри Паје одбива да тренира со тимот, а менаџерот Славен Билиќ признава дека Французинот сака да ги напушти „чеканите“.

Паје имал разговор со раководството да му дозволат да замине во зимскиот трансфер период, но од клубот му порачаа дека не сакаат да го продадат, ситуацијата околу играчот почнува да се комплицира.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имаме проблем, и тоа голем. Димитри Паје не сака веќе да игра за Вест Хем. Му понудивме и нов договор и поголема плата, но тој едноставно не сака веќе да игра за Вест Хем. Но, ние нема да го продадеме“, изјави Билиќ.

„Се започна пред 10 дена со отворањето на трансфер прозорецот. Зборував со раководството и проблемот не е во парите. Не мислам дека ќе си отиде од овој месец, но ќе биде многу тешко да го задржиме среќен. Од тимот му дадовме сè, бевме секогаш зад него. Се чувствувам предаден и лут“, заклучи менаџерот на „чеканите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал спремен да го продаде Жесус

Арсенал ова лето е спремен да слушне понуди за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус, пренесув…