Дома Фудбал Италија Пасторе оваа зима нема да ја менува средината

Пасторе оваа зима нема да ја менува средината

pastore

Од почетокот на јануарскиот преоден рок се шпекулира дека Пасторе ќе го напушти ПСЖ, дека ќе потпиша за Интер, меѓутоа неговиот агент го тврди спротивното.

Имено, агентот на Пасторе на новинарите во Италија дека трансфер на неговиот клиент во редовите на Интер е невозможен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Наводно, Марсело Симониан вчера бил во Милано каде одржал состанок со челниците на Интер, но како што тврди до договор не дошло.

„Оваа операција не е возможна“ – изјави кратко Марсело за Тутомеркато и Спорт Италија.

Според последните информации ПСЖ бара 20. милиони евра за Аргентинецот и трансферот веднаш да биде реализиран, но Интер не е во можност тоа да го направи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …