Дома Македонски спорт Мак фудбал Панчев: Фудбалерите во Македонија зимаат толку мали плати што се срамат да кажат дека се фудбалери

Панчев: Фудбалерите во Македонија зимаат толку мали плати што се срамат да кажат дека се фудбалери

Легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев уште еднаш зборуваше за недостатоците и ја критикуваше ситуацијата во македонскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Панчев во изјава за Институтот за комуникациски студии порача дека треба да се подобри статусот на фудбалерите кои играат во македонското првенство.

„Економијата е ослабена, па така и спортот е послаб. Тоа се поврзани работи. 90% од фудбалерите во македонската прва лига зимаат толку мали плати што се срамат да кажат ека се фудбалери. Властите треба да најдат решение. Ние како граѓани сме тука да помагаме, да критикуваме, а на нив е дали ќе променат нешто. Јас сакам подобро општество тука затоа што моите деца ќе живеат тука. Можев да живеам и во странство, но се решив за Македонија“, изјави помеѓу другото Панчев за  Институтот за комуникациски студии. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …