Дома Топ вести Паника на „Стенфорд Бриџ“: ФИФА отвори истрага против Челзи

Паника на „Стенфорд Бриџ“: ФИФА отвори истрага против Челзи

Англиските медиуми пренесуваат дека ФИФА покренала официјална истрага против Челзи и дека лондоснките „сини“ ги чека истата судбина како и Атлетико Мадрид, односно забрана за трансфери.

„Дејли Мејл“ пренесува дека се под лупа трансфери на малолетни фудбалери кои Челзи ги има многу и „растурени“ се на позајмици ширум Европа.

Се истражува начинот на нивното купување, па доколку се испостави дека тимот од „Стенфорд Бриџ“ има барем еден нелегален или сомнителен трансфер, ќе добие забрана за купување на фудбалери.

Челзи нема да биде првиот клуб кој ќе сноси такви последици. Шпанските клубови веќе добија забрани за трансфери и тоа Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Покрај Челзи, под истрага се и други англиски клубови, а големи шанси да бидат казнети имаат уште Ливерпул и Манчестер Сити, пренесуваат англиските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Родри конечно му призна на целиот свет зошто го одбил Реал Мадрид и ја одбрал Барселона

Родри откри дека одлуката да го одбие Реал Мадрид не била воопшто лесна, особено поради од…