Капитенот на репрезентацијата на Македонија Горан Пандев порчаа политичките партии да не го мешаат неговото име за нивни цили.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ваквата реакција на Пандев, дојде по објавата на неговата изјава за ФФМ на Фејсбук страната на „Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ“.

Капитенот го даде следниот одговор:
„Во овие тешки моменти за целиот свет, кога се соочуваме со најопасниот вирус на глобално ниво, сакам да апелирам до политичките партии во Македонија да престанат со ситно-политичките игри. Оваа прилика ја користам да ги повикам политичките партии (во случајот комисијата на ВМРО-ДПМНЕ) да престанат да го злоупотребуваат моето име. Ова е време кога ние во Италија се соочуваме со катастрофа од невидени размери. Апелот до сите е да останат дома и да ги следат препораките. Секоја моја изјава која ќе биде ставена во контекст на политика ќе ја демантирам. Поздрав од Џенова“, гласи пораката на Пандев.