Дома Фудбал Пандев мина само со жолт картон, Јувентус минимално славеше за нови три бода (ВИДЕО)

Пандев мина само со жолт картон, Јувентус минимално славеше за нови три бода (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Италија, Јувентус славеше против Џенова во меч, во кој Пандев одигра 78. минути и со тоа остана во трка за шампионската титула со екипата на Наполи.

Единствениот гол на мечот го постигна Даглас Коста во 16. минута, и на тој начин „Старата дама“ запиша нови три бода во италијанската Серија А.

Коста беше прецизен по одличната асистенција на Марио Манџукиќ, а нашиот интернационалец на мечот единствено заработи жолт картон.

По овој меч, останува трката на лидерската позиција за освојување на Скудетото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рашфорд повторно пред излезната врата? Минутажата може да го оддалечи од Јунајтед

Без гол и асистенција во осум настапи, Маркус Рашфорд повторно се поврзува со заминување. …