Дома Македонски спорт Паднал договор: Чурлинов се сели во Барнли!

Паднал договор: Чурлинов се сели во Барнли!

Новинарот Флоријан Плетенбург кој работи за германскиот „Спорт1“ објави дека постигнат е договор за трансфер на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов во редовите на Барнли.

Денес во текот на денот беше објавено дека англискиот второлигаш понудил 3.25 милиони евра веднаш и плус 1.25 преку бонуси, но сега е објавено дека е постигнат договор за вкупни пет милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според Плетенбург сите страни се договориле и соработката е прифатена од Барнли, Штутгарт и Чурлинов.

Клучен фактор во трансферот на Чурлинов бил поранешниот капитен Винсент Компани кој сега е стратег на Барнли, тој бил импресиониран од настапите на Македонецот и го смета за големо засилување во целта за враќање во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…