Дома Фудбал Италија „Падна“ нов тренерски отказ во Серија А

„Падна“ нов тренерски отказ во Серија А

Во изминатиот викенд падна нов отказ во италијанската Серија А, Сампдорија го отпушти Марко Џампаоло кој веднаш беше отпуштен по поразот од Монца од 0:3.

За Монца ова беше втора победа во сезоната, откако првата ја остварија изненадувачки против Јувентус. Од друга страна Сампдорија очајно ја започна сезоната и после осум кола имаа шест порази и два нерешени резултати што секако не се поклопува со амбициите на клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џампаоло во клубот дојде во јануари и за него ова беше втор мандат во Сампдорија, меѓутоа очигледно не се прослави. Во првиот беше далеку подобар и се задржа три сезона од 2016 до 2019 година.

Во кариерата тој ги водеше уште Торино, Милан, Емполи, Бреша, Каљари, Сиена, Катанија, Асколи и Кремонезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш …