Дома Топ вести Падна договорот, Фабињо стигнува во Атлетико

Падна договорот, Фабињо стигнува во Атлетико

Според пишувањата на шпански „Ас“, Атлетико Мадрид го договори трансферот на фантастичниот фудбалер на Монако.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилскиот интернационалец и репрезентативец, Фабињо се наоѓа на мета на многу клубови ширум Европа по фантастичните партии кои ги понуди во дресот на Монако.

Беше фантастичен оваа сезона, докажа дека се работи за фантастичен дефанзивен играч за врска и не е ниту чудно што многумина фрлија око на него.

Манчестер Јунајтед беше заинтересиран, но изгледа дека оваа битка ја доби Атлетико Мадрид.

Мадриѓаните договорија трансфер, кој судејќи по пишувањата на „Ас“ е вреден 45 милиони евра. Фабињо првиот дел од сезоната би го минал во Монако поради забраната на Атлетико за трансфери до јануари.

Исто така, и ПСЖ како што се наведуваше имал договор со овој фудбалер, но Монако не сакаше да го продаде на своите ривали во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…