Дома Трансфер зона Падна договор: Баерн договори ново засилување!

Падна договор: Баерн договори ново засилување!

Баерн Минхен ќе го официјализира доаѓањето на Конрад Лајмер во наредните денови, но тој ќе им се приклучи дури од 1. јули.

Фабрицио Романо денеска потврди дека играчот од средниот ред на РБ Лајпциг ќе му се приклучи на Баерн кога ќе му истече договорот на крајот на оваа сезона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Лајмер одамна ги договори личните услови, но Баерн сакаше да почека до јануари, кога ќе може и официјално да го објави преддоговорот со играчи на кои договорите им истекуваа за шест месеци.

Лејмер игра на позицијата централен играч за врска, има 25 години, а во Лајпциг како и многу други играчи пристигна од РБ Салцбург летото 2017 година.

Јулијан Нагелсман е добро запознаен со неговите квалитети, бидејќи соработуваа, а Лајмер дополнително ќе ја засили пеколната конкуренција во средниот ред, како што ги има и Леон Горецка, Џошуа Кимих, Марсел Сабице, Рајан Гравенберг…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Јувентус го договори најдобриот голман во Серија А

Според последните информации од Италија екипата на Јувентус за наредната сезона договорила…