Дома Фудбал Англија „Очајнички“ потег на Гвардиола: Му нуди нов договор на ветеранот!

„Очајнички“ потег на Гвардиола: Му нуди нов договор на ветеранот!

Пеп Гвардиола веќе две години е во потрага по играч за врска кој ќе може да го наследи Фернандињо, но никако да успее во намерата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова лето „граѓаните“ го донесоа Родри од Атлетико Мадрид за 70 милиони евра, но очигледно Гвардиола не може без Бразилецот, па ќе му понуди нов договор.

34-годишниот Фернандињо во последно време игра принудно на позицијата централен дефанзивец и е незаменлив во тимот на Гвардиола.

После одличните партии оваа сезона каталонскиот стартег му порачал на раководството дека не сака да го загуби Бразилецот и побарал да му биде понуден нов договор.

Англиските медиуми тврдат дека „граѓените“ му понудиле едногодишен договор, па се очекува Фернандињо наскоро да стави потпис на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дембеле: Меси е најдобар во историјата, може повторно да го освои Светското првенство

Крилниот напаѓач на Пари Сен-Жермен Осман Дембеле (29) смета дека неговиот поранешен соигр…