17 години откако замина од Атлетико Параненесе Бразилецот Фернандињо се врати во неговиот матичен клуб.
Фернандињо со Атлетико Параненсе потпиша договор до крајот на 2024 година и ќе го носи дресот со број 5. По завршувањето на изминатата сезона 37-годишниот Фернандињо го напушти Манчестер Сити и се врати во својата татковина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од Атлетико Параненсе Бразилецот направи трансфер во 2005 година кога премина во редовите на украинскиот Шахтјор Доњецк.
Во Украина се задржа осум години, а во Манчестер Сити премина во 2013 година. На 264 натпревари за Сити постигна 20 гола.