Дома Трансфер зона Официјално: Шалке купи играч од Манчестер Сити

Официјално: Шалке купи играч од Манчестер Сити

Шалке денес го официјализираше трансферот на досегашниот фудбалер од Манчестер Сити, Раби Матондо.

Германскиот и англискиот клуб очигледно добро соработуваа во последните години, па сега дојде ред Шалке да купи еден играч на „граѓаните“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Матондо е 18 годишен фудбалер кој никогаш не дебитираше за првиот тим на Сити, но се работи за голем талент кој е платен 11.3 милиони фунти.

Шалке трансферот го потврди на својот официјален Твитер профил, а Матондо потпиша договор на четири ипол години.

Иако има само 18 години, дебитираше за репрезентацијата на Велс и тоа во ноември минатата година против натпреварот против Албанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…