Дома Фудбал Репрезентации Официјално: ФФМ го продолжи договорот на Благоја Милевски

Официјално: ФФМ го продолжи договорот на Благоја Милевски

Фудбалската федерација на Македонија со одлука на Управниот одбор го продолжи договорот со селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим останува на селекторската функција до крајот на квалификациски циклус за пласман на Светското првенство 2026, под истите услови како и досега.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, ќе биде полна поддршка за селекторот Благоја Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси.  Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал.

Изминатите неколку месеци и натпреварите кои ги одигра македонската А репрезентација ни потврдија дека заеднички сме на вистинскиот пат. Во тимот се чувствува енергија и амбиција за нови големи резултати и уверени сме дека тоа е неверојатен мотив за работата во иднина“,стои во ставот на Управниот одбор на ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега сум безвреден?“

Настапите на бразилскиот играч за врска Касемиро во Манчестер Јунајтед се под знак прашалн…