Дома Фудбал Останато Официјално: ФИФА ги избра тројцата финалисти за „Фудбалер на годината“

Официјално: ФИФА ги избра тројцата финалисти за „Фудбалер на годината“

Светската куќа на фудбалот, ФИФА денес ги објави тројцата финалисти кои ќе се борат за наградата „Играч на годината“.

Како што е познато ФИФА и „Франс Фудбал“ се разделија, а наградата од минатата година ќе има можност да ја брани Кристиано Роналдо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Негови конкуренти ќе бидат Лука Модриќ од Реал Мадрид и Мохамед Салах од Ливерпул. Истите тројца фудбалери беа финалисти и во изборот на УЕФА, а наградата му припадна на Лука Модриќ.

Можеби најголемо изненадување е фактот што Антоан Гризман не влезе меѓу првите три со оглед на фактот што со Франција стана светски шампион, а со Атлетико Мадрид ја освои Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…