Дома Фудбал Останато Официјално: УЕФА го потврди почетокот на трето клупско натпреварување!

Официјално: УЕФА го потврди почетокот на трето клупско натпреварување!

УЕФА денес соопшти дека финалето во Лига Европа во 2021 година ќе се игра во Севиља, и официјално го потврди стартот на новото фудбалско натпреварување од истата година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, покрај Лигата на шампиони и Лига Европа ќе започне уште едно натпреварување кое ќе се вика Конференциска лига.

Новото натпреварување и Лига Европа ќе имаат ист формат – осум групи со по четири клуба од кои победниците одат во нокаут фазата.

Пред групната фаза ќе има плеј-оф за второпласираните од групата со третопласираните од Лига Европа. Идејата е бројот на клубови во Лига Европа да се намали од 48 на 32, а остатокот да се префрли во Конферециската лига.

Победникот од ова ново европско натпреварување ќе се пласира директно во Лига Европа следната сезона. Клубовите во ова натпреварување ќе поделат 240 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…